Тирана — главниот град на Република Албанија.
Се наоѓа во централниот дел од земјата, на реката Ишми.
Основан во 1614 г. од Сулејман-паша, а главен град на Албанија е од 1920 г.
Според прелиминарните податоци од пописот од 2011 г, во градот живееле 421,286 жители.
Муслиманите сочинуваат 55.9% од населението, христијаните и атеистите заедно сочинуваат 44.1% од населението.
Тирана е културен и индустриски центар на Албанија.
Интересни знаменитости на градот се: плоштадот Скендербг, Операта, Џамијата Етем беј; Националната библиотека; Часовникова кула симбол на градот, остатоците на Јустинијановата тврдина, културниот центар, поранешниот музеј на Енвер Хоџа, националниот историски музеј....