TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Хисар

Хисар се наоѓа во јужна Бугарија. Поволната клима и минерални води ги привлекуваат луѓето во ова место. Денешниот град е познат по своите лековити минерални извори. Во градот можете да го посетите Археолошкиот музеј; да се прошетате низ стариот град, прогласен за археолошки резерват во кој можат да се видат тракиска гробница, ископувањата на римски терми, касарни и административни згради; да уживате во убави паркови со ретки растителни видови од целиот свет. Софија - Хисар - 174 км. Пловдив - Хисар - 45 км. Варна - Хисар - 359 км.