Чешме е најзападниот приморски град во Турција, поставен на самиот раб на истоимениот полуостров на обалата на Егејското Море. Заради бројните природни убавини, автентичноста и оригиналниот карактер на градот, пријатната медитеранска клима, кристално чистото топло море и преубавите песочни плажи, Чешме низ годините се развива во елитно и монденско интернационално познато летувалиште.
Облата на полуостровот е долга околу 30км и на неа се сместени бројни песочни плажи. Најпознатата атракција во градот е Џеновската тврдина или замокот Чешме.
Градот има богата туристичка понуда и сместувачки капацитети со различна категоризација, марина за бродови поставена во центарот на градот околу која гравитираат живописни и автентични ресторанчиња, кафулиња и сувенирници. Чешме е исто така надалеку познат по своите термални води кои извираат во околината на градот со температура до 38°C со благотворно дејство, па оттука доаѓа и називот на градот, Чешме, или во превод фонтана, токму заради неговите термални извори.