Земја со богата историја, традиција и култура.
Земја на фламенкото, коридата и виното, сончева и топла 24 часа.
Главен град: Мадрид
Официјален јазик: шпански
Население: 46 030 109
Површина: 504 645км2
Валута: Евро (EUR)
Временска зона: GMT + 1
Мадрид е и најголемиот град во Шпанија со население 3 230 000 лица, со предградијата 5 960 000 по статистика од 2008 г..
Големите градови: Барселона (1 615 908 жители, 3 186 461 жители со предградијата), Валѐнсия (810 064 жители, 1 583 331 жители со предградијата) Севѝлја (704 414 жители, 1 499 673 жители со предградијата), Малага (576 725 жители, 1 124 831 жители со предградијата) Билбао (354 145 жители, 1 141 457 жители со предградијата), Сарагоса (682 283 жители) и Мурсија (433 850 жители).
Граничи со: Португалија на запад, Мароко на југ, Франција и Андора на североисток.
Модерната Шпанија е високо развиена индустриски аграрна земја.
Индустриското производство е петто во Европа и осмо во светот.
Најсилно развиени индустриски гранки се црна металургија, автомобилската индустрија, бродоградба, електротехничка, хемиска, текстилна, чевларската индустрија.
Земјата е богата со минерали. Шпанија е голем производител на вино (3-то место во Европа по Франција и Италија), ориз (највисоки приноси во светот), бадеми, тутун, маслинки (на прво место во светот по производство на висококвалитетен маслиново масло). Сточарството е исто така развиено - Шпанија произведува 25% од говедското месо во Европската унија и е втор производител на свинско месо во Унијата. Риболовот е исто така многу добро развиен. Со земјоделството е зафатено 7% од населението. Важен удел во економијата на земјата има меѓународен туризам. Годишно Шпанија е посетена од околу 60 милиони. Туристи (95% од нив се од западноевропските земји). Земјата поседува најголемата во Европа материјално-техничка база за услуги на многубројните посетители.
Голем дел од населението е вклучено во областа на туристичките услуги.