TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Њу Делхи

Њу Делхи е еден од најстарите градови во светот, се наоѓа на реката Јамуна, притока на реката Ганг, во северна Индија. Главен град на земјата со население од околу 13 милиони жители. Град со богата историја, од археолошките ископувања е јасно дека Њу Делхи е датира од пред 2000година п.н.е. Тука, на местото на сегашниот град се наоѓаат остатоци од седум антички градови. Њу Делхи е град со две лица. Постојат два големи булевари во Њу Делхи - Булеварот Раџпат, подигната во спомен на повеќе од 90.000 индиски војници, кои загинаа во војните со Англија. Другиот главен булевар, Гинпат. Овде зградите се наоѓаат во концентрични кругови, а во близина е Астрономската опсерваторија Дантар Мантар. Во Стариот Делхи, човекот паѓа во сосема друг свет. Главниот булевар е мешавина на мали, осветлени улици, тивки пазари, луѓе, кучиња и скитнци крави.