TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Њу Јорк

  Њујорк (New York City) е најгусто населениот град во САД и центар на областа Њу Јорк, град кој се смета за глобален водич кој влијае врз светската трговија, економија, култура, мода и забава. Како домаќин на седиштето на Обединетите Нации, претставува и јадро на меѓународните односи. Кога се зборува за градот, најчесто се користи неговото цело име градот Њујорк, со цел да се разликува од сојузната држава Њу Јорк, од која истоимениот град е дел. Лоциран на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел на САД, градот се состои од пет урбани подрачја: Бронкса, Бруклин, Менхетн, Квинс и Стејте Ајленд.Населеноста на градот за 2008 година достигнува 8,3 милиони жители и со површина од 790 km2 Њујорк е најгусто населениот голем град во голем град во САД. Со население  во околината е исто така во најголем број во државата, со 18,8 милиони во област од 17.400 км2 Исто така, пошироката област на Њу Јорк која во 2008 година била дом на 22.155 милиони. Њујорк е основан како трговски центар од страна на Холанѓаните во 1624 година. Тогашното гратче било именувано Нов Амстердам се до 1664 година кога колонијата потпадна под контрола на Англија. Њујорк започнува да се смета за главен град на САД во периодот од 1785 се до 1790 година. Градот, како најголем од сите градови во САД, почнува да важи како таков од 1790 година. Многу области и културни знаменитости во градот се добро познати низ целиот свет Статуата на слободата,Волстрит, Менхетн...... Њујорк е претпознатлив меѓу градовите во САД, поради големата употреба на средства за масовен превоз од кои поголемиот број функционираат 24 часа дневно, за да се задоволат потребите на преголемиот број на жители. Во 2005 година, во градот се зборувле преку 170 јазици, а 36% од населението во градот биле родени надвор од САД. Понекогаш именуван како „Градот што никогаш не спие“ Њујорк има и други прекари: „Главниот град на светот“, „Готам“ и „Големото јаболко“.  

Сортирајте ги резултатите по: