TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Монт Еверест

Највисокиот врв на светот 8,849 метри Во Непал, планината се вика Сагармата или „Кралица на Небото“ на санскрит). Ова име го измислил Бабурам Ачарја во раните 1960-ти кога непалската влада сфатила дека Монт Еверест нема непалско име. Ова се случило бидејќи за планината не се знаело скоро ништо во етничкиот Непал (долината Катманду и околниот регион). Името кои шерпасите и тибеќаните го користеле било Чомолангма, но, тоа не било прифатливо, бидејќи било во спротивност со унификацијата и непализацијата на земјата.   Во 1865 година Британецот Ендру Скот Во и го дал англиското име на планината. Непал и Тибет биле затворени за странци во тоа време. Ендру го напишал следново за планината:
…Мојот ценет шеф и претходник, полковникот Сер Џорџ Еверест ме научи да ги именувам сите географски објекти според месните називи. ... Но, еве една планина, најверојатно највисоката во светот, за која не можеме да најдеме месно име. Ако воопшто такво име постои, нема да можеме да го пронајдеме сè додека не ни биде дозволено да влеземе во Непал... Во меѓувреме, имам привилегија, но, и задолжение да измислам име кое граѓаните и географите ќе го користат; име кое ќе се користи во секој дом во цивилизираните земји.
Така тој одлучил да ја нарече планината според Џорџ Еверест (чие име правилно е Џон Иврест). Најпрвин името го пишувал „Mont Everest“, но, подоцна го променил во „Mount Everest“. Самиот Џорџ си го изговарал сопственото презиме Иверест, но, оттогаш луѓето генерално го изговараат неговото име исто како планината - Еверест.....

Сортирајте ги резултатите по:

Монт Еверест ✈️ 06/05/2022 - 16/12/2022

по лице€1300.00
  • 3 полни пансиони во Катманду
  • 11 полни пансиони во планински куќи
  • На 2 лица 1 шерпас
  • До Прва база 5181 метри