TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Крф

ПРВ ДЕН  02.05.2024 (четврток)
Состанок на групата кај хотел Континентал околу 22:00 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, кај Гевгелија или Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.

ВТОР ДЕН  03.05.2024 (петок)
Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следувa возење до местата Ипсос и Дасиа, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети.
Следува одмор и можност за запознавање со околината.
Некаде околу 17 часот започнува официјалниот дел од програмата, каде групата се упатува кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Во меѓувреме, ќе уживаме во присуството на хоровите, кои го одбележуваат Велики Петок, заедно со звуците на филхармониските ги свират “Adagio” од Албиниони, “Посмртниот марш” од Шопен. Со овие тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика се одбележува токму Христовото страдање. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди.
Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22:00 часот.
По завршувањето на првиот дел од програмата, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.

ТРЕТ ДЕН  04.05.2024 (сабота)
Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи. За време на Велигденските празници, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за започнувањето на следење на вториот дел од свечената традиција. Првата поворка, првото Воскресение започнува веќе во 09 часот наутро, каде под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.
Веќе во 14:00 часот  се враќаме во Ипсос и Дасиа, каде има слободно време за одмор и индивидуални активности, се до 21:30 часот, кога повторно се тргнува кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение.
На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет, кој привлекува илјадници туристи, но и жители од целиот остров.

ЧЕТВРТ ДЕН  05.05.2024 (недела)
Некаде околу 11 часот групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот.
Некаде по попладневните часови се враќаме во сместувачките капацитети и следува слободно време. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН  06.05.2024 (понеделник)
Во договорено време, во утринските часови, одјавување од апартманите, а групата се упатува кон местото Канони (факултативно). Канони е местото со најубавиот видиковец и поглед кон островот на Глувчињата, црквата Влахерна, а од десната страна има поглед кон еден од најмалите комерцијални аеродроми во Европа. Во текот на летниот период е главна туристичка атракција бидејќи туристите имаат прилика да ги гледаат пристигнувањата на авионите, буквално над нивните глави. Тука ќе се задржиме околу еден час, а потоа со традиционално грчко бродче се упатуваме кон интересното островче Mouse Island или Понтикониси (црквата Пантократор), како и црквата Panagia Vlaherna, каде ќе има доволно слободно време за истражување на местото. По завршувањето на разгледот, се упатуваме кон пристаништето, каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи.

ШЕСТИ ДЕН  07.05.2024 (вторник)
Пристигнувањето е планирано во утринските часови.

ПРОМО ЦЕНА за апартманско сместување 129 до 15.03, редовна цена 149
ПРОМО ЦЕНА за хотелско сместување 179 до 15.02, редовна цена 199 € – понудата е распродадена

Цената е за патници од до :
Скопје, Велес, Неготино, Гевгелија, Градско, Црна Река, Дреново, Прилеп, Битола

Информации, доплати:
Доплата за сингл соба е 70% дополнително од цената на аранжманот
Деца од 0-03 години – бесплатно
Деца од 3 до 12 години (со двајца возрасни) плаќаат 70% од сумата на аранжманот
Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите
Седиште на барање се доплатува по желба 10  по лице

Во цената Е вклучено:
Три ноќевања во приватни вили: во Ипсос или Дасиа или хотел Victoria Hill во Дасиа со појадок
Автобуски превоз
Повратен билет за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица
Комплетно следење на програмата за Велигден во градот Крф (2 посети на градот)
Панорамски разглед и прошетка во градот Крф
Туристички придружник/водич за време на престојот и патувањето

Во цената НЕ Е вклучено:
Туристичка такса 1,5 евро од ден по соба
Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис 20 (аквариум опционално 7 )
Посета на видиковецот Канони и Mouse Island или Понтикониси (црквата Пантократор), мало островче, како и црквата Panagia Vlaherna 20

Пакет за двете факултативи  35 € по лице
Задолжително патничко осигурување  300 денари по лице
Индивидуални трошоци

Апартманско сместување:
Апартманите се во Ипсос или Дасиа.
Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет
Секоја соба ќе биде опремена со постелнина и ќебe
Агенцијата не гарантира дека секој апартман има безжичен интернет
Климата се употребува по желба (со доплата)

Хотелско сместување:
Хотелот се наоѓа во местото Дасиа
Во понудата има вклучено појадок
Собите се класично хотелски и немаат кујна
Постојат дво, тро и четворокреветни соби

Климата се употребува по желба (со доплата)
Хотелот има безжичен интернет, (но не гарантираме за квалитетот на истиот)

 

 

Островот Крф, магичен, посебен, единствен. Дури и боговите своето прибежиште го наоѓале тука, а цела Европа се обидувала што повеќе да го задржи под своја власт. Остров со бурна историја и многу природни богатства. Токму затоа денеска е еден од најпосетуваните острови во Грција. Крф изобилува со прекрасни плажи, но и места кои ќе ви го одземат здивот. Совршено бегство за уживање во сончевите зраци за празникот 8 Септември

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

– Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
– Имајте предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата. – Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
– Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
– За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10 € по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
– Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
– Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.
ВАЖНО:Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
– Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
– Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
– Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
– Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
– Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
ПОЈАДОК: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
– Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
– Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
– Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
– Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
– Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
– Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
– Туристичката агенција не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
– Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
– Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
– Туристичката агенција Турист е посредник на патувањето.
– Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 € во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
– Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
– Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Турист и СКТМ