TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Кушадаси-Памук Кале-Измир

ВЕЛИГДЕН ВО КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА / КУШАДАСИ-ПАМУК КАЛЕ-ИЗМИР /

 

1 ден 02.05.2024 (четврток)
14.00 часот. Заминување на групата од Македонија кон Турција од Скопје и во 16.00 часот од Кавадарци. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на протокот Дарданели со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

2 ден 03.05.2024 (петок)
Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Кушадаси. Во попладневните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотелот „Surtel“ 3*** во центарот на градот (https://www.surtelhotel.com/ ) . Вечера. Ноќевање.

3 ден 04.05.2024 (сабота)
Појадок. Заминување на групата кон Ефес. Пристигнување во најсветото место во Ефес – куќата на Дева Марија каде што Богородица живеела последните седум години од својот земски живот. Слободно време за разгледувањето и престој на најубавото место за Велигден. Враќање во Кушадаси. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

4 ден 05.05.2024 (недела)
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Памук Кале.  Пристигнуваме во хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“ каде ќе уживаме во внатрешните и надворешни базени. Тука ќе ја имаме единствената можност да ги почувствуваме благодетите од лековита кал. Ручек на богата шведска маса. По ова несекојдневно доживување, можност за организирана посета на единствениот природен феномен во светот – Памук Кале, античкиот Хиераполис и изворот на Клеопатра. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови сместување на групата во хотелот „Herakles“ 3 *** во селото Karahayit, првиот термален хотел во Памук Кале лиценциран од Министерството за здравство на Турција (http://www.heraklestermal.com.tr/).  Хотелот располага со надворешен базен и со спа центар во кој внатрешниот базен има лековита термална вода, а во бањата во секоја хотелска соба има минерална вода. Слободно време за одмор и релаксација. Вечера. Можност да прошетате низ центарот на селото и да го почувствувате автентичниот турски амбиент. Ноќевање.

 5 ден 06.05.2024 (понеделник)
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување на групата кон Измир-древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Во договореното време заминување кон Македонија преку протокот Дарданели со попатни застанувања и одмори.

6 ден 07.05.2024 (понеделник)
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови

 

Цена на аранжманот………359 € (22.260 денари)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Превоз со туристички автобус
Билети за траект на Чанак Кале
Два полупансиони (шведска маса) во хотел „Surtel“  3*** во Кушадаси
Еден полупансион (шведска маса) во хотелот „Herakles“ 3 *** во Karahayit (Памук Кале)
Излет до Ефес: автобуски билет и влезница за  Куќата на Богородица
Kористење на калните бањи и базените со термална вода во хотел  „Пам“ и ручек на шведска маса
Влезница во Памук Кале
Посета на Измир
Локален туристички водич за сите излети  вклучени во програмата
Организација на аранжманот и  придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Доплата за еднокреветна соба 85€
Патничко осигурување

Напомена: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

 

Аванс 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 25 лица.
Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето..
Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )