Туристичката агенција Турист започнува со својата работа во далечната 1994 година. Во својата долгогодишна дејност во областа на туризмот, постојано ги зголемуваме нашите капацитети на работа, партнерствата со голем број на агенции, тур оператори и фирми. Со сето ова се стремиме кон една единствена цел, а тоа е обезбедување на максимална професионалност и квалитетни туристички производи за нашите клиенти. Опсегот на квалитет и услуги кои што ги нудиме е обемен и рапидно се зголемува од година во година, земајќи ги пред се во предвид побарувањата на клиентите и нашите соработници. Сето она со кое можеме да им излеземе во пресрет на нашите клиенти и партнери се следниве услуги:
– ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ
– ЛЕТЕН ТУРИЗАМ СО СОПСТВЕН ЗАКУП (Пиериа, Халкидики, Јонски брег, Острови во Грција, Албанија)
– ЛЕТЕН ТУРИЗАМ СО СОПСТВЕН ЗАКУП (чартер програми Турција, Египет, Тунис…)
– АВИО БИЛЕТИ ВО ЦЕЛ СВЕТ
– ВИЗИ ЗА АВСТРАЛИЈА
– ОРГАНИЗАЦИЈА НА ГРУПНИ И ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА НИЗ ЕВРОПА И СВЕТОТ
– ХОТЕЛСКИ РЕЗЕРВАЦИИ ВО ЦЕЛ СВЕТ
– РЕНТ А КАР ВО ЦЕЛ СВЕТ
– ТРАНСФЕРИ ВО ЦЕЛ СВЕТ
– ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРЕВОЗИ СО КОМБЕ, МИНИ БУС, АВТОБУС
– КРСТАРЕЊА
– ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОНФЕРЕНЦИИ, СЕМИНАРИ, КОНГРЕСИ….
– ОРГАНИЗАЦИЈА И ПОСЕТА НА САЕМИ ВО ЦЕЛ СВЕТ
Од неодамна започнавме со примена на B2B онлајн систем со кој нашите колеги од агенциите-соработнички имаат полесен пристап и преглед на тековните услуги кои ги нудиме, при тоа преку него лесно можат самостојно да ги прават нивните резервации. Сето тоа за олеснување и подобра соработка.
Застапници сме и партнери со голем дел на компании кои работат во областа на туризмот, со кои соработката трае веќе долги години, а бројот на услужени клиенти секој ден се повеќе се зголемува. Нашите долгогодишни партнери и соработници се следните:
– GOGLOBAL TRAVEL – Израел
– PREMIER TOURS – Бугарија
– TEZ TOUR – Русија
– KILIT GLOBAL – Турција
– INTERHOTEL – Сандански Бугарија
– RESORT MEDITE – Сандански Бугарија
– UNILINE – Хрватска
– INTOURS – Албанија
– FILOS TRAVEL – Грција
– ZEUS TRAVEL – Грција
– SPA HOTELI – Бугарија (Сандански, с.Бања, Хисар, Велинград, Добриниште)
Во авионскиот сектор имаме стручни и лиценцирани лица за Amadeus, Galileo и Sabre кој е основен дел од резервациониот систем за авионски билети MYTE TRAVEL.
За кој сме застапници во Република Македонија.
GOGLOBAL TRAVEL е еден од водечките светски системи за онлајн резервации на хотели, апартмани, трансфери, рент а кар услуги. Главната канцеларија и оперативен тим ја има во Израел но, со текот на годините отвори и регионални канцеларии во повеќе градови во Европа, Азија и Америка. Во Македонија како производ е 15 години, преку Турист како свој застапник, а досега се приклучени над 80 агенции од цела Македонија, од кои повеќето работат на системот повеќе од 10 години.
Своите производи ги нуди исклучиво на туристички агенции, и над 20000 агенции од целиот свет го работат овој систем.
Во својата мрежа на продажба има вклучено над 400000 хотели и апартмани ширум светот, голем дел од нив преку директно склучени договори, а дел и преку добавувачи, се со цел да има што побогат избор за агентот и тоа со ‘ last minute “достапност.
Во своето портфолио ги има и трансферите како производ, а во моментот има достапни трансфери во над 600 локации ширум светот, а таа бројка и понатаму се зголемува од ден на ден.
Рент а кар услугата е достапна по најниски цени, со можност за бесплатно откажување до 48 часа пред терминот.
Најголеми предности во работата со GOGLOBAL TRAVEL се :
– ПОТВРДА НА РЕЗЕРВАЦИИ И ВОН РАБОТНО ВРЕМЕ И ВО НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ
– LAST MINUTE РЕЗЕРВАЦИИ СО ИНСТАНТ ПОТВРДА
– ДИНАМИЧНИ И КОНКУРЕНТНИ ЦЕНИ
– МОЖНОСТ ЗА БАРАЊЕ А ГРУПИ
– ГОЛЕМА ДОСТАПНОСТ НА СЛОБОДНИ СОБИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ГОЛЕМИОТ БРОЈ ДОБАВУВАЧИ
– 24 ЧАСА ИТНИ ТЕЛЕФОНИ ЗА КОНТАКТ ВО БИЛО КАКВА СИТУАЦИЈА
– ПЛАЌАЊЕ НА ФАКТУРА ВО ДОМАШНА ВАЛУТА КОН ТУРИСТ
– МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НАГРАДНИ ПОЕНИ ЗА ПОПУСТ ЗА СОПСТВЕНИ ПАТУВАЊА
– ЛОГО И ГЕНЕРАЛИИ НА АГЕНЦИЈАТА НА САМИТЕ ВАУЧЕРИ
Во своето досегашно работење со GOGLOBAL TRAVEL успешно се реализирани над 150000 ноќевања, над 1000 трансфери и над 200 рент а кар услуги, многу задоволни агенти и клиенти, кои и понатаму ги користат производите и бенефитите на системот.
Една од првите наши успешни соработки е и со системот за издавање на авионски билети AMADEUS.
Од 2011 година започнуваме со соработка со систем за резервации за авио билети во цел свет MYTE,
MYTE е нова платформа за резервации на авио билети и хотели со модерен дизајн и поедноставен пристап.
Благодарејќи на соработката со овој партнер годишно издаваме над 1000 авионски билети за дестинации низ целиот свет.
Зошто да го користите MYTE:
– Лесна корисничка платформа (не е потребен IATA сертификат)
– Не се плаќа такса за користење на системот
– Можност за резервација на пакет аранжмани (авио карти + хотелски резервации)
– Резултати од редовни и нискобуџетни авио компании во едно пребарување
– Можност за директно купување и издавање на авио карти и останати услуги
– Различни начини на плаќање (директно со кредитна картичка или на фактура)
– 24/7 корисничка поддршка со број за итни случаи надвор од работно време
– Сите авио карти и останати потребни документи се доставуваат во електронска форма
– Можност за брзо креирање на документ со понуди со продажни цени за клиентот
– Поставување на надградби на цени во зависност од дестинација, авио компанија, ранг на цена итн.
– Можност за групни резервации (максимум од 9 авио билети при индивудуална резервација)
– Можност за интеграција на системот на Ваша веб страна, клиентите можат самите да прават резервации
Од 2009г. сме застапници за TEZ TOUR-KILIT GLOBAL, еден од најголемите туроператори во светот.
Преку овој партнер нудиме реализација на многубројни аранжмани првенствено за цела Турција, како и за други делови од светот.
Во успешната соработка со туристички агенции и тур оператори исто така мора да ги споменеме и нашите партнери за хотелско сместување во Грција: FILOS TRAVEL, ZEUS TRAVEL, MOUZENIDIS TRAVEL.
За сите погоре наведени наши партнери, битно е да напоменеме дека имаме 24 часовна поддршка на терен за било какви непријатности или проблеми кои би можеле да настанат во текот на патувањето.
Реализација на MICE
(M-Meetings; I-Incentive; C-Conferences; E-Exibitions)
Организацијата на помали или поголеми настани за фирми влегува во делот на реализација на случувања од поголем карактер на нашата фирма, повикувајќи се на MICE. Во услугите кои ги овозможуваме и подготвуваме влегуваат настани од различен тип:
Meetings (Состаноци): деловни средби, годишни средби, семинари, патувања.
Incentive (Поттик-стимулација): патувања каде што има стимулирање на терен на вработените, каде што патувањата најчесто се тематски.
Conferences (Конференции): во овој сегмент се реализираат различни типови на конгреси, конференции, семинари, симпозиуми и саеми.
Exibitions (Промоции): во овој дел спаѓа организацијата на промоции на компании.
Контакт информации:
Т.А.Турист
ул.Крали Марко бр.16
7000 Битола
Р.Македонија
Web: old.turist.com.mk
E-mail (SALES DEPARTEMENT): [email protected]
E-mail (RESERVATIONS): [email protected]
Контакт телефони: 047/202-777; 070/202-777