TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Парга-Лефкада-Крф

 

1 ден 03.05.2024              Скопје-Битола- Јанина – Парга
Состанок на групата во 06,00 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Парга во 06:30 часот преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување.  Пристигнување во Парга во пладневните часови. Сместување во апартмани по ФОРТУНА програма (без претходна потврда на вила). Можност за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани. Вечерта ќе имаме можност да ја проследиме процесијата во центарот на Парга – епитафио, посветена на Исус Христос за големиот празник Велигден.  Ноќевање 1.

 2 ден 04.05.2024              Целодневна екскурзија Крф
Заминување за Игуменица во раните утрински часови . Пристигнување на пристаниште Игуменица во утринските часови. Трансфер со фериброд до островот Крф. Заминување со автобусот кон главниот град Крф каде што ке се следи свеченоста по повод Велигден и фрлањето на ќуповите. Точно во 10 ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон – заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август – датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон). Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат патот на Светец. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови. Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови за вода, полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година. Слободно време – 15:00 Заминување на групата за качување на ферибот. Враќање во Парга. Слободна вечер. со можност за присуствување на велигденска литургија во црквата во Парга. Ноќевање

3 ден 05.05.2024              Целодневна екскурзија Лефкада
Факултативно (30 Еур) организирано заминување за екскурзија Лефкада во 08,00 часот со крстарење на Лефкада. Можност да се види островот Скорпиос, плажата Афродити, пештерата Папа Николис , односно, едноставно поинаку да се доживее Лефкада на Велигден.  Можност за  ручек во ресторан – таверна каде ќе ги пробаме врвните специјалитети припремени за овој празник. Враќање во Парга. Слободна вечер. Ноќевање

4  ден 06.05.2024             Парга-Мецово-Македонија
Слободно претпладне.  Заминување за Македонија со попатна посета на Мецово-прекрасно планинско гратче, каде ќе може да се купат локални сувенири и вкусат надалеку познатите специјалитети на жар.. Пристигнување во Битола во попладневните часови. Организирани трансфери по градови.

 

Цена на аранжманот:  149 €/ 9,238 мкд

 

Деца 2-12 години со 2 возрасни 99 €
Еднокреветна соба 199 €
Сопствен превоз на барање

Цената на аранжманот вклучува:
Автобуски и бродски превоз на наведената релација
3 ноќевања во апартмани Парга ( греење, ТВ, интернет)
ФОРТУНА ПРОГРАМА (без претходна потврда на вила)
Екскурзија на Крф со вклучени бродски карти и водич
Разгледи на Парга, Лефкада, Крф (Керкира)
Организација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:
Патничко осигурување
Факултативна екскурзија Лефкада со крстарење 30 €
Факултативни влезници на локалитетите
Индивидуални трошоци на патниците

Доплата за повратен трансфер во МК:
Скопје и Велес 10 €/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 €/лице

За реализација на овој програм потребни се минимум 40 патници.

Со овој програм важат општите услови на патување на СКТМ

Цени за со сопствен превоз:
1/2 соба/студио 50 €/наем на ден
1/3 соба/студио 60 €/наем на ден
1/4 соба/студио 70 €/ден
1/5 соба/апартман 80 €/ден

За патниците со сопствен превоз ја препорачиваме Вила Кипери Ексклузив.

https://www.kiperiexclusive.com/en

https://aries.mk/st_hotel/vila-fiore-parga/

 

Island Corfu, Greece. 04/07/2018. Traditional, Greek procession in the city on Easter with a large gathering of people on a spring day

 

 

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.

Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.

Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 25 лица

Ако некои наведени разгледи и посети не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.

Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и други непредвидени трошоци.
 
За организирано патување со автобус : Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем за резервации на денот на авансната уплата – договорот.
 
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  
Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот.

Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.

Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.

Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.

За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Турист

Слободното време патниците сами си го организираат.

Поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата или да не се реализираат (од вакви причини)

Патниците кои имаат за цел да посетат одредени знаменитости, надвор од програмата ги советуваме да се информираат за работното време за истите.

Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од tax free.

Сите патници кои се државјани на Република С. Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза.

Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.

Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.

Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

Патниците се должни да внимаваат на валидноста на пасошот, за влез во ЕУ, пасошот треба да е минимум до 3 или 6 месеци пред истекување…(зависи од земјата во која се патува)

Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.

Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.

Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот по 14;00 часот.

Рокот за пријава и резервација зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.

Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ е на сметка на патникот.

Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената