TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Рафтинг на Тара

23.05.2024 Битола-Скопје-Куманово-Приштина-Мртање (Црна Гора)
Состанок со групата во 17:30 часот во Битола, (паркинг на Спортска сала).
Поаѓање кон Скопје во 17:45 часот. Пристигнување во Скопје 20:30 часот (Окта Пуцко Петрол, до хотел Континетал).Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности.

24.05.2024 Ден за планинарење
Планирано пристигнување во раните утрински часови во Мртање (појдовна точка за искачување). По пристигнувањето, мал одмор и припрема и подесување на опремата во зависност од временските услови.
Поаѓање од Мртање кон врвот Велики Маглиќ – 07:00 часот. Највисока точка – 2,386 мнв Велики Маглиќ
Слегување од Вилики Маглиќ кон Трновачко Езеро и пристигнување во Превој.
Предвидено траење на планинарска акција – 12:00 часот.

Тежина на патека – Класа 2 – пешачење, лесна (патека достапна за одредена група луѓе со добра здравствена состојба и со основно планинарско знаење).

Опрема – Високи разгазени чизми, ракавици, кабаница, очила за сонце, стапчиња за планинарење.

Храна и вода – Јаткасти плодови, 2 оброци, храна богата со јаглехидрати, суво овошје, вода 2л. Пристигнување во Превор (завршување на планинарска акција) – 19;00 ч .
Патување кон Модра река (Рафтинг камп) со автобус 1 час.
Пристугнување во Модра Река (Рафтинг Камп) околу 20:00 чaсот
Сместување во рафтинг камп “Modra Rijeka” monteriver.com во избраниот тип на соби. Вечера. Ноќевање.

25.05.2024 Ден за Рафтинг на Тара
Појадок. По појадок, припрема за рафтинг на Тара во 10:00 часот (облекување на одела, добивање на инструкции од стручните водичи…). Во 11:00 часот – Поаѓање со теренски возила до Брштановице (почетната точка за рафтингот), возење околу 40 мин. Уживање во прекрасните пејсажи. Во 12:00 часот – Пристигнување во Брштановице и почеток на рафтингот. Во наредните неколку часа време за рафтинг , а во договор со стручните водичи се договараат активностите (капење, посета на водопадот, фотографирање, уживање во незаборавните предели и недопрената природа, како и 18 км феноменални брзаци на реката Тара. Во 15:00 часот – Поаѓање кон Рафтинг Камп “Modra Rijeka” и време за ручек на брегот на реката Пиве. Време за одмор или индивидуални активности. Во договорено време организирана вечера со музика. Ноќевање

26.05.2024         Македонија
Појадок. Одјавување од собите. Во договорено време поаѓање кон Македонија.
Денско и ноќно возење со попатни паузи, гранични и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 Цена ло лице :
220 € сместување во 1/6 соба
230 € сместување во 1/3 соба
240 € сместување во 1/2 соба

Услови на плаќање:
Moжност за уплата на 3 рати (Март, Април, Мај)
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка.

Во цената Е вклучено:
Превоз со туристички автобус
2 ноќевања во Рафтинг Камп “Modra Rijeka”
На 24.05.2024 вечера
На 25.05.2024 појадок, рафтинг на Тара со вклучен трансфер, професионална опрема, ручек, вечера со музика.
Патничко осигурување
Лиценциран меѓународен планинарски водич
Локален планинарски водич
Комплетна организација и придружник за време на целото патувањe

Поаѓања од:
Битола 17:45 ч (паркинг Спортска сала)
Прилеп 18:20 ч (бензиска пумпа Лукоил);
Скопје 20:15 ч (бензиска пумпа Пуцко Петрол , KFC – кај хотел Континентал)

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Личен трошок на патникот
Неспомнати услуги

 

 

На само 300 метри од главниот пат Подгорица-Сараево, се наоѓа оваа туристичка оаза која претставува вистински скапоцен камен на црногорската дива убавина. Рафтингот на реката Тара со кањонирање на реката Пива се невероватно доживување.

Kуќичките и бунгалови се изградени од целосно природни материјали, главно дрво, и ви овозможуваат целосно да и се предадете на природата и целосно да уживате во неа. Има двокреветни, трокреветни и шесткреветни соби, а терасите кои се издигнати над реката Пива нудат можност за незаборавна релаксација.

 

 

 

 

 

Услови на плаќање : Исклучиво во денарска противвредност

Начин на плаќање : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
За ова патување покрај патната исправа, може да се патува и со лична карта.
Пасошот како и личната карта треба да важат минимум 3 месеци од денот на завршување на овој аранжман.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.