Програма
- Мај (Понеделник) СКОПЈЕ – ТИРАНА – КАТАНИЈА
Состанок на групата на договореното место во 05:00 часот. Поаѓање за Тирана во 05:30 часот. Полетување за Катанија во 12:50 и слетување во 14:35 часот. Трансфер до хотелот во Џардини Наксос со попатна посета на Катанија. Овој град под Етна, после бурната историја и земјотресот, обновен е во 17 век во барок стил и е најголемо пристаниште и стопански центар на Сицилија. Пешачки разглед на историскиот центар. Меѓу многуте раскошни палати и цркви, се истакнува катедралата која го носи името на Света Агата – заштитничка на градот. Прошетката продолжува покрaj рибниот пазар, еден од најпознатите во цела Италија, дворецот Урсино изграден во 13 век, Универзитетот, улицата Via Crociferi… Слободно време за уживање и освежување со највкусниот сладолед и сицилијанскиот десерт – гранита. Сместување во хотелот. Ноќевање.
- Мај (Вторник) ЏАРДИНИ НАКСОС – НОТО – СИРАКУЗА
Појадок. Прошетка до градот Ното, познат по најубавите згради во сицилијански барок стил кои датираат од 18 век. Секој мај овде се одржува единствениот фестивал на цвеќето – Infiorata. Уметниците користејќи разнобојни латици од специјални видови цвеќиња, прават слики налик на мозаици. Прошетка по централната улица покрај градската порта, црквата Свети Кјара и катедралата Свети Никола, палатите Дичезио и Николачи. Патувањето продолжува за Сиракуза, која била најзначаен и најубав град во покраината, која античките Грци ја нарекувале Мagna Grecia, позната уште како градот на Архимед. Разглед на центарот на градот кој се наоѓа на островот Ортиџа – остатоци од Аполоновиот храм – најстариот грчки храм на Сицилија, градското собрание, фонтаната на божицата Дијана, катедралата над некогашниот храм на Минерва… Враќање во Џардини Наксос. Ноќевање.
- Мај (Среда) ЏАРДИНИ НАКСОС – ЕТНА – ТАОРМИНА
Појадок. Патување со автобус до симболот на Сицилија – вулканот Етна – највисокиот активен во Европа. Патот не води низ пределите, низ кои некогаш поминувала вжештената лава. По пристигнување на највисоката дозволена висина – 1800 метри, истражување на кратерот Силвестри и околината. Враќање во Џардини Наксос. Во попладневните часови, посета на сликовитата Таормина, со јавен превоз, едно од најубавите гратчиња во Италија, изградено на брдото Monte Tauro од каде се пружа фантастичен поглед на околината и брегот. Ова место, познато уште како бисерот на Медитеранот, поради својата положба и шармот, ги привлекува туристите од целиот свет. Прошетка низ горниот дел од градот, во кој се влегува низ Porta Mesina, пешачката зона Corso Umberto, плоштадот Виктор Емануел, катедралата, грчко-римскиот театар од 3 век пне. Таормина е гратче за уживање, добро капучино или аперитиво, на некоја од панорамските тераси. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
- Мај (Четврток) ЏАРДИНИ НАКСОС – ПАЛЕРМО
Појадок. Организиран трансфер до Палермо. Сместување во хотел. Во попладневните часови разглед на главниот град на Сицилија за кој може да кажеме дека е најживописен на островот. На улиците се забележуваат остатоци од бурната историја, уште од времето на Феникијците кои го основале. Во градот има повеќе од 230 цркви, од кои голем дел се постари од 1000 години. Ќе ја видиме Новата Порта, Норманската палата, катедралата – одлична готско-барокна градба пред која се наоѓа статуата на Света Розалија, заштитничката на Палермо, плоштадите Кватро Канти и дел Комуне со фонтаната на срамот, театарот Масимо, ќе се прошетаме по улицата Виктор Емануел… Ноќевање.
- Мај (Петок) ПАЛЕРМО – МОНРЕАЛЕ
Појадок. Посета на гратчето Монреале, со јавен превоз, оддалечено 7 километри од Палермо, сместено на брдото Monte Caputo. Во него се наоѓа прекрасната катедрала од 12 век, ремек дело на норманската архитектура со познатите златни мозаици на кои се претставени сцени од стариот и новиот завет. Слободно попладне во Палермо. Ноќевање.
- Мај (Сабота) ПАЛЕРМО – КАТАНИЈА – ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Можност за посета на некој од многуте локани маркети. Палермо е познат како град со најдобра улична храна во цела Италија, а по последните награди и во цела Европа, така што вкусувањето на овие специјалитети е нешто што треба да се направи. Трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување за Тирана во 21:45, слетување во 23:00 часот и трансфер до Скопје.
Цена на аранжманот: 799 € (49.550 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз Тирана-Катанија-Тирана
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
Трансфер на релација Скопје-Тирана-Скопје
Сите трансфери на Сицилија според програмата
Сместување во Хотел во Џардини Наксос, на база 3 ноќевања со појадок
Сместување во Хотел во Палермо, на база 2 ноќевања со појадок
Организирани разгледи и прошетки според програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
Влезници во музеите и културно историските споменици
Билети за јавен превоз
Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ и ТУРИСТ
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
Цените се во €, плаќање во денари 1€ = 62,00 мкд
Сицилија
Земја на митови и легенди, чудовишта и богови… Земја на раскошно културно наследство и природни богатства…На листата на желбите на сите освојувачи… Под будното око на застрашувачкиот и воедно восхитувачки вулкан Етна… Легендата вели дека кога Господ го создавал светот, шестиот ден бил задоволен од тоа што го направил и спуштил бакнеж на земјата… токму на тоа место денес е Сицилија! Убавината на Сицилија не може да се опише, таа треба да се доживее… Ако на островот не Ве привлече неговата историја, приказните за мафијата ниту шармантните Сицилијанци на кои три работи им се најважни во животот: храната, фудбалот и жените, тогаш тоа нека биде најубавиот сладолед на светот… Без оглед на се` што сте читале за Сицилија, кога ќе ги отворите очите за нејзината убавина, таа ќе Ве разоружа со својот шарм… посебна, дива, возбудлива, сурова и магична… Најпосакуваната летна резиденција на царевите, аристократите и банкарите!
После неа, ништо нема да биде исто…
Услови
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 платежни патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмат.
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот
За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ